Субвенционирање на потрошена енергија (СПЕ)

Право на користење на оваа субвенција имаат сите лица кои се корисници на Социјална парична помош (СПП) и Постојана парична помош (ППП)

Како и за сите останати права, така и за СПЕ се поднесува барање, кон кое се приложуваат платени сметки за електрична енергија од изминатиот календарски период. Моментално, субвенцијата за потрошена енергија изнесува 1000 (илјада) денари.

Напомена: Субвенцијата за сметки од електрична енергија со износ до 1000 (илјада) денари изнесува онолку колку што е висината на фактурата (сметката).