Подносителот на барањето за остварување на право на парична помош на лице кое до 18 години имало статус на дете без родители и родителска грижа, за себе и членовите на семејството, приложува:
- фотокопија на важечка лична карта за државјани на Република Македонија, дозвола за постојан престој на странецот, фотокопија од лична карта за признат бегалец или фотокопија на лична карта за лице под хуманитарна или супсидијарна заштита;
- фотокопија на извод од матичната книга на родените;
- фотокопија на извод од матичната книга на венчаните;
- фотокопија на извод од матичната книга на умрените, за починат член на семејството;
- уверение за пријавени или остварени нето приходи од Управата за јавни приходи;
- потврда за остварени приходи од плата;
- потврда за корисник на пензија;
- потврда од Агенција за вработување на Република Македонија, за невработени членови во семејството;
- невработено лице кое не е во евиденција во Агенцијата за вработување на Република Македонија приложува листа за регистрирани податоци за остварен стаж;
- пресуда за определена законска издршка;
- имотен лист од катастар;
- потврда за редовен ученик- студент.
За поднесените документи во фотокопија, стручниот работник утврдува дали се верни на оргиналот согласно со Законот за општата управна постапка.
Подносителот на барањето од став 1 на овој член со писмена изјава ја потврдува материјалната состојба за приходите од член 3 став 1 точите 6, 7 и 8, имот од член 4 став 1 точка 5 и имотни права од член 4 став 2 од овој правилник.
Подносителот на барањето за остварување на право на парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, кое нема приходи и имот од кој може да се издржува, до наполнување на 26 години возраст, кој има статус на барател на право на азил, признат бегалец, лице под хуманитарна или супсидијарна заштита согласно Законот за азил и привремена заштита, покрај документите наведени во став 2 точка 1 за доказите наведени во став 2 точка 2, 3, 4, 5, 6, 7 и 8 со писмена изјава потврдува дали е во можност истите да ги обезбедеи и ја потврдува материјалната и семејната состојба за себе и членовите на своето семејство .