Дневниот центар за деца со аутизам обезбедува дневно прифаќање, згрижување, рехабилитација, индивидуална дефектолошка поддршка и третман, психомоторна реедукација, континуирано следење на корисникот, реализирање на активности за поттикнување и стимулирање на развојот на културно-хигиенските навики, когнитивните, комуникативните, моторните, социо-емоционалните способности, спроведување на специјализирани видови на третман за корисниците, како и работа со родителите за задоволување на потребите за интеграција на децата со аутизам и нивните семејства.“