ОДДЕЛ СОВЕТУВАЛИШТЕ

Советувалиштето обезбедува психо-социјални услуги и психо-социјален третман за секоја одделна група на корисници и тоа:

  • жртви на семејно насилство;
  • сторители на семејно насилство;
  • со нарушени партнерски, семејни и односи родители-деца;
  • деца и младинци со воспитно- социјални проблеми и

Поради специфичноста на потребата за обезбедување на психо-социјални услуги и психо-социјален третман за корисниците на советувалиштата од став 1 на овој член, за секое одделено советувалиште се подготвува посебна програма.

Советувалиштето за жртви на семејно насилство обезбедува специјализирани услуги со кои се одговара на потребите на лицата кои биле изложени на насилство во нивните семејства. Овие услуги се со цел да се одговори на нивните потреби преку обезбедување на услуги на начин на кој тие ќе бидат најпристапни и најмалку наметливи за семејствата. Услугите се дизајнирани така што ги задоволуваат моменталните потреби на семејствата кои се соочуваат со одредени проблеми поврзани со семејното насилство, вклучително кризи, бездомништво и трауми.

Советувалиштето за работа со сторители на семејно насилство, на лицата сторители на семејно насилство, на кои им е изречена привремена мерка на заштита од страна на надлежниот суд, и тоа: задолжително сторителот на семејно насилство да посетува советувалиште, изречена обврска при заштитен надзор за условна осуда – посетување на програма за работа со осуденици за кривични дела сторени при вршење на семејно насилство, како и  упатени од центар за социјална работа, им дава услуги од психо-социјален третман за:

  • Спречување на насилното однесување на сторителот на семејно насилство
  • Воспоставување на самоконтрола на сторителот на семејно насилство над своите емоции и однесување
  • Стекнување увид во сопственото насилно однесување и прифаќање на одговорност за него
  • Учење на социјални вештини со кои сторителот може да го промени своето однесување и усвојување на ненасилни обрасци на однесување
  • Промена на вредностите во семејните односи

Советувалиштето за корисници со нарушени партнерски, семејни и односи родители-деца дава психо-социјални услуги и психо-социјален третман за семејствата со нарушени, семејни односи, а чии деца имаат најразлични проблеми и потреби. Услугите се дизајнирани за деца кои доживуваат социјални/емоционални/бихејвиорални потешкотии и за нивните семејства за да се овозможи справување со загриженостите, да се подобрат семејните односи, и на крајот да се зајакне оптималниот развој на детето.

Советувалиштето за деца и младинци со воспитно – социјални проблеми работи на спроведување на политики и развивање на соодветни и ефикасни превентивни програми за справување со проблемите на социјалната исклученост на децата во социјален ризик, преку развивање на нови форми на вонинституционална социјална заштита за деца во ризик-корисници на психоактивни супстанци и членовите на нивните семејства. Спроведувa политики и развива соодветни и ефикасни превентивни здравствени програми за децата, потенцијални зависници од дроги и други психотропни супстанци и подигнување на свеста во локалната заедница за штетноста од болестите на зависност и работи на намалување на штетите од користење на дроги и други психотропни супстанци врз севкупниот развој на личноста на децата, нивна целосна интеграција и ресоцијализација во општеството, преку почитување на принципот за најдобар интерес на детето.