Службата превзема мерки за заштита на стандардот и социјалната сигурност на граѓаните кои немаат средства за егзистенција, а се изложени на социјални ризици.
Од делокругот на остварување на правата од парична помош, службата е надлежна за вршење на следните работи:
- Решава за правата на парична помош од социјална заштита, утврдени со Законот за социјална заштита
- Решава за правата на парична помош утврдени Законот за заштита на децата
- Решава за парична помош на лица со признаен статус на бегалец и под супсидијарна заштита, утврдени со Законот за азил и привремена заштита
- Решава за парична помош од цивилна инвалиднина
- Води евиденција и прибира документација за корисниците на социјална заштита
- Комуникација со сите релевантни институции и установи што ги третираат проблемите од областа на остварување на парична помош
- Врши и други работи утврдени со закон.
ВО ПРИЛОГ СЕ ПРАВАТА ОД ПАРИЧНА ПОМОШ:
Паричен надоместок за помош и нега од друго лице (ППН)
Субвенционирање на потрошена енергија (СПЕ)
Условен паричен надоместок (УПН)
Додаток за мобилност и слепило (МИС)
Еднократна парична помош (ЕПП)
Еднократна парична помош за новороденче (ЕППН)
Родителски додаток за трето дете (РД3)
Родителски додаток за четврто дете (РД4)
Право на социјално домување (ППСД)