Паричен надоместок за помош и нега од друго лице (ППН)

КОН БАРАЊЕТО ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВО НА ПАРИЧЕН НАДОМЕСТОК ЗА ПОМОШ И НЕГА ОД ДРУГО ЛИЦЕ СЕ ПОДНЕСУВА / ОБЕЗБЕДУВА СЛЕДНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА:

 

1.Важечка лична карта за државјанин на Р.Македонија, дозвола за престој на странец, важечка лилна карта за лице барател на право на азил, за лице со статус на признаен бегалец и за лице по супсидијарна заштита, се доставува само на увид за докажување на идентитетот и државјанството

2.Мислење од матичен лекар за потребата од помош и нега од друго лице со Бартелов индекс  (овој документ го издава матичниот лекар)

3.Медицинска документација – извештаи и отпусни писма

 

Ова право се исплаќа во две категории, од помал обем – 3.846,00 денари и во поголем  обем 4.348,00 денари во зависност од наод, оцена и мислење од стручната комисија за одредување на правото ППН