- Целта на оваа кампања е преку деинституционализација, до 2020 година сите деца на возраст од 0 до 3 години да ги извлечеме од институциите и да ги сместиме во мали групни домови, згрижувачки семејства и други форми на соодветно сместување. Предноста на вдомувањето на децата без родителска грижа во семејства ја потврдуваат и науката и практиката. Според едно истражување спроведено во 33 европски држави, вдомувањето на децата во згрижувачки семејства е неколкупати поефтино во споредба со сместување во соодветни институции, а ефектите се многу поголеми зошто децата растат во здрави семејни услови.
- Со анимација на нашите граѓани ќе се ангажираме за мобилизирање на доволен број згрижувачки семејства кои имаат доволно љубов за споделување со децата кои ја немаат.Тоа ќе го правиме мотивирани од мислата на славниот Достоевски кој рекол дека „ сите идеали на светот не вредат колку солзите на едно дете“.
ВЕ МОЛИМЕ ЗА СИТЕ ПОТРЕБНИ ИНФОРМАЦИИ ДА СЕ ОБРАТИТЕ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА – ОХРИД