ЈАВЕН ОГЛАС 01/2018
За вработување на неопределено време на пет (5) даватели на јавни услуги од категорија А стручни (социјален работник, психолог,педагог и правник ) во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Охрид, за следните работни места:
1.CO30303A06001 Дипломиран социјален работник– стручен службеник од шесто ниво,два(2)извршители:
– Служба за услуги од социјална заштита Општи услови · Да е државјанин на Република Македонија, · Активно да го користи македонскиот јазик, · Да е полнолетен, · Да има општа здравствена способност за работното место, · Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност. Посебни услови · За ниво А6 стекнати 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен(Социјална работа и социјална политика) без или со најмалку една година работно искуство во областа на социјалната заштита. · Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење. Општи работни компетенции на средно ниво: · Учење и развој, · Комуникација, · Остварување резултати, · Работење со други/тимска работа, · Ориентираност кон странките/засегнати страни и · Финансиско управување. Распоред на работно време: · Работни денови: Понеделник – Петок · Работни часови неделно: 40 часа · Работно време: од 07:30 до 15:30 или од 08:30 до 16:30 часот Паричен нето износ на плата : 23.197,00 денари |
2. СОЗ0303А06003 Психолог – стручен службеник од шесто ниво, еден (1) извршител :
Служба за услуги од социјалната заштита Општи услови · Да е државјанин на Република Македонија, · Активно да го користи македонскиот јазик , · Да е полнолетен, · Да има општа здравствена способност за работното место, · Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност. Посебни услови · За ниво А6 стекнати 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен (Психологија) и · без или со најмалку една година работно искуство во областа социјалната заштита. · Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење. Општи работни компетенции на средно ниво: · Учење и развој, · Комуникација, · Остварување резултати, · Работење со други/тимска работа, · Ориентираност кон странките/засегнати страни и · Финансиско управување. Распоред на работно време: · Работни денови: Понеделник – Петок · Работни часови: неделно 40 часа · Работно време: од 07:30 до 15:30 или од 08:30 до 16:30 часот Паричен нето износ на плата : 23.197,00 денари |
3. СОЗ0303А05005 Педагог – самостоен стручен службеник од петто ниво, еден (1) извршител:
-Служба за услуги од социјалната заштита Општи услови · Да е државјанин на Република Македонија, · Активно да го користи македонскиот јазик , · Да е полнолетен, · Да има општа здравствена способност за работното место, · Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност. Посебни услови · За ниво А5 стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен (Педагогија ) · најмалку две години работно искуство во областа на социјалната заштита. · Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење. Општи работни компетенции на средно ниво: · Учење и развој, · Комуникација, · Остварување резултати, · Работење со други/тимска работа, · Ориентираност кон странките/засегнати страни и · Финансиско управување. Распоред на работно време: · Работни денови: Понеделник – Петок · Работни часови: неделно 40 часа · Работно време: од 07:30 до 15:30 или од 08:30 до 16:30 часот Паричен нето износ на плата : 23.197,00 денари |
- СОЗ0303А06002 Правник – Стручен службеник од шесто ниво (1) извршител:
-Служба за услуги од социјалната заштита
Општи услови
- Да е државјанин на Република Македонија,
- Активно да го користи македонскиот јазик ,
- Да е полнолетен,
- Да има општа здравствена способност за работното место,
- Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
- За ниво А6 стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен (Правни науки) без или со најмалку една година работно искуство во областа на социјалната заштита.
- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
Општи работни компетенции на средно ниво:
- Учење и развој,
- Комуникација,
- Остварување резултати,
- Работење со други/тимска работа,
- Ориентираност кон странките/засегнати страни и
- Финансиско управување.
Распоред на работно време:
- Работни денови: Понеделник – Петок
- Работни часови: неделно 40 часа
- Работно време: од 07:30 до 16:30 часот
Паричен нето износ на плата : 23.197,00 денари
Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 5 (пет) работни дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавување на огласот). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Пријавата за огласот може да се подигне од архиватa на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Охрид или да се симне од интернет страната на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Охрид –csrohrid.mk
Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на проверка на веродостојноста на доказите и спроведување на интервју, на интернет страната на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Охрид – http://www.csrohrid.mk
Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена на нотар.
Кандидатите заедно со пријавата треба да ги достават потребните документи за исполнување на општите и посебните услови:
-Уверение за државјанство;
-Уверение за општа здравствена способност за работното место;
-Потврда/Уверение дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;
-Доказ за соодветното работно искуство;
-Доказ – Диплома/Уверение за завршено образование;
-Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
Напомена: Согласно Годишниот план за вработување на институцијата за 2018 година вработувањата се предвидени за: пет (5) Македонци.
Пријавата со потребната документација кандидатите треба да ја достават до архивата на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Охрид или по пошта на следната адреса: ул.”7-ми Ноември “ бр.282 – Охрид (со назнака за ,,јавен оглас брoj – 01/2018,,)
Оддел за административни работи и управување со човечки ресурси – Комисија за селекција на кандидати за давател на јавна услуга.
Контакт телефон : 046/260 707 046/279 753
Ненавремените пријави и документација нема да се разгледуваат.
По истекот на рокот за пријавување огласот ќе биде отстранет од интернет страната на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Охрид.
В.д.Директор,
Ајтен Мусли