СЛУЖБА ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ И ПОМОШНО ТЕХНИЧКИ РАБОТИ

  • Сметководство
  • Архива
  • Помошно технички персонал

Одделот е надлежен за обезбедување на сите административни работи потребни за квалитетно извршување на работите во Установата.

Под административни и финансиски работи се смета:

  • извршување на нормативно-правни и кадровски активности управување со човечки ресурси пропишани со закон;
  • извршување на финансиски, сметководствени и материјални работи согласно законските прописи;
  • извршување на работи од јавна внатрешна финансиска контрола согласно закон;
  • процесирање и подготовка за исплата по решенијата за остварување на право на парична помош;
  • заштита, чување, обработка и користење на архивскиот материјал согласно закон;
  • одржување на информатичко-комуникациската опрема и грижа за функционалноста на опремата и програмите за работа;
  • спроведување на постапка за доделување на договори за јавни набавки согласно закон;
  • подготовка на анализи, истражувања, планови, програми и извештаи, со цел утврдување на актуелните состојби и унапредување на услугите на социјална заштита на подрачјето на кое дејствува Установата, како и
  • вршење на други работи од административна природа.

Одделот е надлежен за обезбедување на сите помошно-технички работи потребни за квалитетно извршување на работите во Установата.

Под помошни работи се смета извршување на работи кои се од техничка природа и се однесуваат на:

  • хигиена и одржување на објектот, обезбедување на објектот,
  • превоз за потребите на Установата,
  • достава на материјали и писмена, како и
  • вршење на други помошно-технички работи.