- Сметководство
- Архива
- Помошно технички персонал
Одделот е надлежен за обезбедување на сите административни работи потребни за квалитетно извршување на работите во Установата.
Под административни и финансиски работи се смета:
- извршување на нормативно-правни и кадровски активности управување со човечки ресурси пропишани со закон;
- извршување на финансиски, сметководствени и материјални работи согласно законските прописи;
- извршување на работи од јавна внатрешна финансиска контрола согласно закон;
- процесирање и подготовка за исплата по решенијата за остварување на право на парична помош;
- заштита, чување, обработка и користење на архивскиот материјал согласно закон;
- одржување на информатичко-комуникациската опрема и грижа за функционалноста на опремата и програмите за работа;
- спроведување на постапка за доделување на договори за јавни набавки согласно закон;
- подготовка на анализи, истражувања, планови, програми и извештаи, со цел утврдување на актуелните состојби и унапредување на услугите на социјална заштита на подрачјето на кое дејствува Установата, како и
- вршење на други работи од административна природа.
Одделот е надлежен за обезбедување на сите помошно-технички работи потребни за квалитетно извршување на работите во Установата.
Под помошни работи се смета извршување на работи кои се од техничка природа и се однесуваат на:
- хигиена и одржување на објектот, обезбедување на објектот,
- превоз за потребите на Установата,
- достава на материјали и писмена, како и
- вршење на други помошно-технички работи.